Макала со месо

Макало од сланина и кашкавал

Вкусно макало кое добро се комбинира со млад морков или краставички.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 парчиња сланина
  • 230 гр. кремсирење
  • 100 гр. мајонез
  • 300 гр. рендан кашкавал
  • 2 лажички сенф
  • 1 кромид
  • 100 гр. печени бадеми, сецкани

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Испржете ја сланината во тава на среден оган, исецкана на парчиња. Потоа извадете ја на хартиена салфетка.

Во сад измешајте ја сланината со кремсирењето, кашкавалот, сенф, мајонез и ситно сецкан кромид. Префрлете го макалото во мал огноотпорен сад и печете го додека да добие златно жолта боја, околу 15 минути. На крај додадете ги сецканите бадеми.

Послужете го макалото со свеж зеленчук.

8 октомври 2012 - 14:00