Тајландска салата

Свинско со краставици

Тајландски специјалитет од свинско, краставици и кикирики.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
120 мин.

Вкупно време:
2ч. 30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1кг. свинско
  • 3 главици млад кромид, ситно сецкан
  • 1 краставица, исечена на тенки парчиња
  • 1 луто пиперче, ситно исецкано, без семе
  • 2 лажици сецкани ливчиња нане
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • 2 лажици сецкан босилек
  • 2 лажици искршени печени солени кикирики

Прелив

  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици сок од лимета
  • 2 лажички шеќер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Избришете го свинското со хартиена салфетка и истријте го со 1 лажичка морска сол. Ставете го во длабока тава за печење и прелијте го со вода.
Печете го во загреана рерна 2 часа. Повремено со лажица преливајте го со водата во која се пече. Кога водата ќе испари и месото е испечено, извадете го од рерна и оставете го да се излади.
Исечете го свинското месо на мали коцки. Во сад измешајте соја сос, сок од лимета и шеќер. Мешајте додека да се раствори шеќерот.
Во длабок сад за сервирање измешајте го свинското, сецкани краставици, кромид, луто пиперче, нане, магдонос и босилек. Прелијте ги состојките со приготвениот прелив од соја. Добро промешајте ја салатата. Додадете ги издробените кикирики и послужете ја салатата веднаш.
На здравје!

21 октомври 2013 - 10:32