Крем салати

Салата од зелка и морков

Крем салата од зелка, морков и мајонез.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1/2 зелка рендана
  • 3 моркови рендани
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици сенф
  • 4 лажици мајонез
  • масло
  • јаболков оцет
  • бибер
  • сол

Подготовка

Изрендајте ги во длабок сад зелката и морковите. Кромидот исецкајте го на ситни парчиња. Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ги во фрижидер 1 час пред сервирање.

Оваа салата е одличен прилог за со месо.

На здравје!

21 јануари 2013 - 07:00