Летна салата

Салата од тестенини со пршута

Лесна салата од тестенини со домати и пршута.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 300 гр. спирални тестенини
  • 1 кг. домати
  • 50 гр. ситно сецкани зелени пиперки
  • 100 гр. сецкан свеж магдонос
  • 50 гр. листови свеж босилек
  • 120 мл. маслиново масло
  • 120 гр. пршута

Подготовка

Сварете ги тестенините во тенџере со посолена вода според упатството на ќесичката. Исцедете го сварените тестенини од водата и ставете ги во голем сад. Преполовете ги доматите и притиснете ја течноста и семето врз тестенините. Потоа исецкајте ги на покрупни парчиња доматите и додадете ги во садот. Исецкајте магдонос, пиперки и босилек. На крај додадете маслиново масло и зачинете со сол и бибер по желба.
Пропржете ја пршутата во тава на среден оган додека да добие златно жолта боја. Извадете ја на хартиена салфета за да се впие вишокот маснотија.
Непосредно пред послужувањето додадете ја исецканата пршута врз тестенините.
На здравје!

30 август 2012 - 07:00