Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 800гр. помали компири, излупени и крупно исецкани
- 2 лажици маслиново масло
- 5 лажици ситно сецкан свеж магдонос
- 2 лажици ситно сецкан копар
- 2 лажици ситно сецкан млад кромид
Прелив
- 1 лажица вински оцет
- 2 лажички мед
- 2 лажички сенф во зрнца
- 50мл. маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете ги компирите во еден сад. Додадете масло и зачинете ги со сол и бибер. Измешајте
ги и префрлете ги во плех за печење. Печете ги компирите околу 35-40 минути додека да добијат златно жолта боја. Потоа
оставете ги на страна 20 минути за да се изладат.
Во меѓувреме пригответе го преливот. Во тегла ставете оцет, мед, сенф и масло. Зачинете со сол и бибер по вкус. Затворете го
капакот на теглата и матете го преливот додека да се соединат состојките.
Во длабок сад измешајте ги компирите со магдонос, копар и кромид. Додадете го преливот и промешајте ги.
Послужете ја салатата веднаш.