Печени салати

Компир салата

Вкусен рецепт за печена салата од компири, тиквици и модар патлиџан.

Време на подготовка:
 мин.

Време на готвење:
 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

5-6 лица

Состојки

  • 1 кг компири
  • 50 мл. маслиново масло + 1 лажица
  • 1 лажичка рузмарин
  • ½ лимон
  • 1 црвен кромид
  • магдонос
  • сол
  • 200 гр. чери домати
  • 200 гр. тиквици
  • 200 гр. модар патлиџан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени
Излупете ги компирите и исечете го на коцки. Варете ги во тенџере со зовриена вода 5-10 минути. Потоа исцедете ги од водата и измешајте ги во еден сад со 50 мл. маслиново масло , рузмарин и сол по вкус.
Во плех намачкан со 1 лажица масло наредете ги компирите, половина лимон и излупени и исецкани кромид, тиквици и модри патлиџани. Печете ги 40 минути.
Потоа во сад за сервирање измешајте го печениот зеленчук со чери домати пресечени на четвртини и сок од печениот лимон. Зачинете со сецкан магдонос и сол по вкус.

11 октомври 2012 - 07:00