Полнети бабури

Печени бабури со кремсирење

Лесен рецепт за вкусно предјадење.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 помали црвени бабури
  • 170 гр. кремсирење
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лажичка магдонос
  • 2 чешниња лук
  • сол и бибер
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измијте ги бабурите, пресечете ги на половина по должина и исчистете ги од семките. Потоа наредете ги половинките во плех обложен со алуминиумска фолија и намачкан со една лажица маслиново масло.
Во еден сад измешајте ги кремсирењето, зачините, ситно сецкан лук, сол и бибер. Рамномерно распределете ја смесата и со неа наполнете ги половинките бабури.
Печете ги во загреана рерна 40 минути. Пиперките ќе се потпечат, а сирењето со зачините ќе омекне и ќе се растопи. Послужете ги веднаш.
На здравје!

17 септември 2012 - 07:00