Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 600мл. зеленчукова супа од коцка
- 2 лажици маслиново масло
- 3 тиквици, крупно сецкани
- 250гр. чери домати
- 1 главица кромид, цсецкан
- 1 чешне лук
- 450гр. ориз
- 60мл. сок од лимон
- 3 лажици сецкани листови босилек
- 50гр. рендан пармезан
Подготовка
Сварете 900мл. супа од коцка. Оставете во тенџере на рингла додека да зоврие. Потоа држете ја во тенџерето на тивок оган за да стои загреана додека е потребно.
Во меѓувреме во длабока тава загрејте го половина од маслото на среден оган. Додадете ги тиквиците и доматите. Пржете ги 2-3 минути. Потоа извадете ги во линија.
Додадете го остатокот од маслото. Пржете ги лукот и кромидот 2 минути. Потоа додадете го оризот. Пржете ги заедно уште 1 минута. Додадете сок од лимон.
Кога ќе зоврие намалете ја јалината на ринглата на тивко. Со црпалка додадете од зеленчуковата супа во оризот.Мешајте со дрвена лажица додека да се апсорбира течноста. Потоа повторете ја постапката со остатокот од зеленчуковата супа, една по една црпалка.
На крај со последната црпалка зеленчукова супа во оризот додадете ги тиквиците и доматите. Гответе го рижотото уште 3-4 минути. Одстранете го од рингла и промешајте босилек и пармезан.
Послужете го веднаш.