Јапонски специјалитет

Теријаки пилешко

Пилешко со ориз и зеленчук.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500гр. пилешко бело месо, исецкано на коцки од околу 3см.
  • 1 лажица масло
  • 300гр. ориз
  • 2 чили пиперчиња, исецкани без семе
  • 1 морков, изрендан
  • 100гр. зелка, ситно исецкана

Теријаки маринада

  • 20мл. соја сос
  • 20мл. вода
  • 10гр. шеќер
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажица масло
  • 1/4 лажичка лук (зачин)
  • 1/4 лажичка ѓумбир

Подготовка

За да ја приготвите маринадата сите состојки добро измешајте ги до длабок сад. Потребно е да мешате додека да се растопи шеќерот.
Потоа во еден сад измешајте го пилешкото со маринадата во стаклен или керамички сад. Покријте го садот и оставете го во фрижидер 30 минути.
Загрејте масло во голема тава на силен оган. Извадете го пилешкото од садот но зачувајте ја маринадата. Пржете го пилешкото околу 3 минути за да добие златно жолта боја. Потоа префрлете го во чинија.
Во тавата додадете го оризот. Додадете ја останатата маринада и 2 1/2 чаши вода. Оставете го да зоврие. Потоа намалете ја јачината на ринглата и додадете го во оризот пилешкото и чили пиперчето. Гответе го 15 минути со покриен капак додека да се зготви месото. Потоа додадете го морковот и зелката. Гответе го оризот со месо уште 2-3 минути додека да омекне зеленчукот.
Послужете го веднаш. На здравје!

30 септември 2013 - 15:14