Необични тестенини

Шпагети со тиква, тиквици и леблебија

Рецепт за тестенини со необичен, вкусен сос од тиквици, тиква, леблебија и лимон.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1.5кг. тиква исечена на коцки
  • 400гр. тестени по желба (шпагети)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 6 тиквици, крупно рендани
  • 400гр. леблебија, измиена и исушена
  • 4 лажици магдонос, ситно сецкан
  • 1 лажичка ситно рендана кора од лимон
  • 60мл. сок од лимон

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден плех со хартија за печење и наредете ги парчињта тиква. Печете ја тиквата 40 минути.

Згответе ги тестенините во тенџере со вода, според упатството на ќесата. Процедете ги.

Загрејте маслиново масло во тава на средно-силен оган. Испржете ги ренданите тиквици и леблебијата 4-5 минути. Додадете магдонос и кора од лимон. Зачинете ги со сол по вкус и добро промешајте.

Префрлете ги тестенините во длабок сад за сервирање. Додадете ги печената тиква и пржените тиквици со леблебија. Промешајте и послужете ги веднаш.

На здравје!

 

18 март 2013 - 07:30