Тестенини со месо

Пилешко во крем сос од домати

Рецепт за пилешко во крем сос од домати и гарнир од тестенини.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

6-8 лица

Состојки

  • 12 пилешки батаци исчистени од коските
  • 1 лажица брашно
  • 1 помал кромид, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, исецкан
  • 70 гр. сецкани домати
  • 400 мл. пилешка супа од коцка
  • 100 мл. млеко
  • 50 мл. кисело млеко
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и бибер
  • прстофат црвен пипер
  • 1/2 лажичка магдонос
  • 1 ќесичка тестенини по желба (предлагаме во форма на машни)

Подготовка

Сварете ги тестенините во тенџере со вода според упатството на ќесата.
Во тава со маслиново масло пржете го пилешкото месо, зачинето со сол и бибер, на среден оган околу 10 минути. Извадете го месото во една чинија. Во истата тава додадете го кромидот и лукот и пржете ги неколку минути. Додадете ги сецканите домати и една лажица брашно. Добро промешајте и гответе уште една минутиа. Потоа додадете ја пилешката супа, павлака и млеко и зачинете со сол и бибер. Вратете го пилешкото во смесата, промешајте и гответе го уште 5-10 минути.
На крај во пилешкото во крем сос додадете ги сварените тестенини и добро промешајте ги. Сервирајте ги топли декорирани со малку црвен пипер и магдонос.

21 септември 2012 - 00:20