Пилешки специјалитети

Пилешко со печурки

Пилешко во крем сос од печурки и црвен пипер.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид ситно сецкан
  • 400гр. печурки, сецкани
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички црвен пипер
  • 50мл. бренди (по желба)
  • 400гр. пилешки гради, сецкани
  • 150гр. хопла
  • 200гр. спанаќ

Подготовка

Загрејте го маслото во тава на силен оган. Пропржете го кромидот 5 минути додека да омекне. Додадете го печурките и гответе ги со мешање 5-7 минути. Додадете лук и црвен пипер. Гответе го сосот 1 минута. По желба додадете бренди. Кога ќе зоврие сосот додадете го пилешкото, хопла и 100мл. вода. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата. Гответе го сосот со пилешко 7 минути па додадете го спанаќот. Проварете го уште неколку минути и одстранете го од оган.

Во меѓувреме сварете тестенини по желба, во тенџере вода,според упатството на ќесата.

Послужете го пилешкото во крем сос и тестенините како гарнир.

Пријатен апетит!

  

19 март 2013 - 07:00