Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
1 ч. 15 мин.
Вкупно време:
1 ч. 25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 пилешки батаци со карабатак, поделени
- 4 моркови излупени и исечени на крупни парчиња
- 2 парчиња кромид исечени на осмини
- 8 парчиња лук неизлупени
- 2 лажици маслиново масло
- 4 парчиња сланина исечени на парчиња
- 2 лажици доматно пире
- 200 мл. супа од коцка пилешка
- 200 мл. црвено вино
- 250 гр. печурки исечени на половинки
- магдонос крупно сецкан
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 ° C.
Во тава за печење ставете го пилешкото месо, морковот, кромидот и лукот. Додадете го маслиновото масло и сланината. Зачинете и печете 30 минути, додека пилешкото не добие златна боја. Во врелата супа од коцка, растворете го доматниот сос и додадете го виното. Додадете ја течноста во тавата и продолжете со печење уште 30 минути. Додадете ги печурките во тавата и печете уште 15 минути. Зачинете по вкус и додадете го сецканиот магдонос.
Послужете со прилог по желба. На здравје!