Пилешко

Пилешка тава

Лесен летен ручек.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 колбас, исецакн на тенки парчиња
  • 750гр. пилешко, исецкано на коцки
  • 1 главица кромид, ситено исецкан
  • 2 чешниња лук, исецкани
  • 2 лажички црвен пипер
  • 400гр. излупени, сецкани домати
  • 125мл. вода
  • 50гр. црвена печена пиперка, излупена и исецкана
  • 60гр. зелени маслинки без семка
  • 3 лажици сецкан магдонос
  • препечен леб
  • мешана свежа салата за прилог

Подготовка

Загрејте лажичка масло во тава на силен оган. Пржете го колбасот околу 2 минути па извадете го на чинија обложена со хартиена салфета.
Додадете го остатокот од маслото во тавата. Пржете го половина од пилешкото месо 2 минути додека да добие кафеава боја. Потоа префрлете го во чинија па испржете го остатокот.
Во тавата измепајте ги кромидот и лукот. Пржете ги 3 минути додека да омекнат. Потоа додадете ја пиперката и пежете уште една минута. Во тавата додадете ги колбасите, пилепкото, домати, маслинки и вода. Кога смесата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата, поклопете ја тавата и оставете да се готви 10 минути. Во тавата додадете го половина од магдоносот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Послужете го овој летен специјалитет со препечен леб и свежа салата. Декорирајте ги чиниите со свеж магдонос.
На здравје!

27 јуни 2013 - 12:58