Свински врат

Печен свински врат со зеленчук

Вкусен предлог за ручек со салата од зелка и спанаќ.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
2 ч. 30 мин.

Вкупно време:
2 ч. 45 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 60мл. маслиново масло
  • 2кг. свински врат
  • 100гр. мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажичка кумин
  • 400гр. зелка, ситно сецкана
  • 100гр. млад спанаќ, покрупно исецкан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 160 степени. Обложете еден плех со алуминиумска фолија.
Загрејте лажица масло во тава на силен оган. Зачинете го свинското месо со сол и пржете го 10 минути. Превртувајте го повремено за да добие рамномерна кафеава боја од сите страни.
Префрлете го месото во подготвениот плех. Додадете уште малку масло и зачинете го со кумин, сол и бибер.
Печете го свинскиот врат 2 1/2 часа на тивок оган. По печењето замотајте го месото со фолија и оставете го околу 15 минути да одстои.
Во меѓувреме измешајте во сад мајонез, сенф, оцет и лажица масло. Зачинете ги со сол и бибер и измешајте ги со ситно сецкана зелка и млад спанаќ.
Исечете го свинскиот врат на парчиња и послужете го со салатата.

15 април 2013 - 07:00