Време на подготовка:
45 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
65 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 700 гр. мелено говедско или јагнешко месо
- 1 голема главица кромид, ситно сецкан
- 1 голем морков, исецкан
- 200 гр. зрна од пченка
- 200 гр. зелен грашок
- 2 лажици Ворчестер сос
- 3 лажици доматно пире
- 1 чаша црвено вино
- 6 чешниња лук, испасиран
- свеж рузмарин
- мајчина душица
- сол и црн пипер
- маслиново масло
За пирето од компири
- 750 гр. компири
- 50 гр. павлака
- 50 гр. кашкавал
- 4 лажици путер
- 2 жолчки од јајце
- сол
Подготовка
Во тава додадете масло и пропржете ги лукот и кромидот. Откако кромидот ќе омекне додадете го меленото месо и гответе го со постојано мешање десетина минути додека да добие кафеава боја. Додадете рузмарин, мајчина душица, сецкани моркови, пченка и грашок. Потоа додадете Ворчестер сос, доматно пире и црвено вино. Гответе ја смесата уште 5 минути на среден оган. Зачинете со сол и црн пипер и одстранете ја од ринглата.
Во тенџере додадете вода и 1 лажичка сол. Откако ќе зоврие додадете ги компири и варете ги 15-20 минути или додека да омекнат. Излупете ги компирите и ставете ги во сад заедно со павлака, рендан кашкавал, путер, жолчки од јајце и сол. Испасирајте ги добро компирите со вилушка додека да добиете рамномерна смеса.
Ставете ја смесата од месо во подлабока тава или друг огноотпорен сад . Смесата треба да зафати најмалку половина од висината на садот. Распоредете го пирето од компири врз смесата со месо. За полесно да ги додадете компирите, предлагаме да користите готварски шприц за шлаг или ќеса со мал отвор.
Овчарската пита се пече 20 минути во загреана рерна на 200 степени.