Зачинето мелено месо

Ќофтиња со лук

Лесен рецепт за љубители на зачинета храна.

Време на подготовка:
50 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

15 ќофтиња

Состојки

  • 1 чешне лук
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка сок од лимон
  • прстофат сол
  • 1/2 килограм мелено месо
  • 100 гр. ситно сецкан кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажичка рузмарин
  • 1 лажичка жалфија
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 50 мл. маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Одсечете го врвот од лукот но не ја лупете лушпата. Ставете го лукот на парче алуминиумска фолија. Додадете врз лукот лажица путер, 1 лажичка сок од лимон и зачинете го со сол. Завиткајте ја добро фолијата и затворете го лукот. Печете го во рерна околу 40 минути. Потоа оставете го да се излади.
Намалете ја јачината на рерната на 180 степени.
Во еден сад измешајте го меленото месо со кромидот, јајце, рузмарин, жалфија, мајчина душица, сол и бибер. Добро измешајте ги зачините со месото. На крај излупете го печениот лук, испасирајте го и измешајте го со месото.
Од меленото месо формирајте 15 ќофтиња. Поставете ги ќофтињата на плех и испрскајте ги со маслиново масло. Печете ги ќофтињата во рерна 30 минути. На крај зголемете ја јачината на рерната на 200 степени и печете ги уште 5 минути за да добијат кафеава боја.
На здравје!

6 август 2012 - 07:00