Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 кг. тестенини во форма на машни
- 100 гр. песто од босилек
- 50 мл. оцет балсамико
- 30 гр. свеж босилек
- 3 домати, излупени и исецкани на крупно
- 180 грама моцарела
- сол и бибер
Подготовка
Сварете ги тестенините според упатството на ќесата. Потоа процедете ги од водата и оставете ги малку да се изладат.
Измешајте го пестото со оцет во еден сад. Во длабок сад измешајте ги тестенините со сецкан босилек, домати и моцарела. Зачинете со сол и бибер по вкус. Додадете го пестото од босилек и добро промешајте.
На здравје!