Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 8 парчиња јагнешки котлети
- 2 пиперки извадени семки, исечени на парчиња
- 1 компир голем, излупен и исечен на коцки
- 2 тиквички исечени на парчиња
- 1 кромид црвен, исечен на крупни парчиња
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица мајчина душичка ситно сецкана
- 2 лажици нане ситно сецкано
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете ги пиперките, компирите, тиквичките, и кромидот во плех и посипете со маслиново масло. Зачинете со сол и пипер. Печете околу 25 минути. Во меѓувреме изчистете ги масните делови од котлетите. Помешајте ги зачините со бибер и намачкајте ги котлетите. Извадете го плехот, превртете го зеленчукот и тргнете го на едната страна. На празниот дел ставете ги котлетите и печете 10-15 минути. Потоа превртете ги котлетите и печете уште 15 минути или додека не се добро испечени.