Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 900 гр. мелено месо телешко
- 2 лажици маслиново масло
- 2 парчиња кромид исечени на тенки ленти
- 2 лажички кафеав шеќер
- 2 лажици сос за скара
- 10 гр. магдонос сецкан
- 1 лажица оригано сушено
- 1 јајце изматено
- 125 гр. мајонез
- 2 лажици сенф
- 6 парчиња сланина
- 6 парчиња кашкавал за тост
- 6 лепињи
- 50 гр. зелена салата листови
Подготовка
Загрејте половина од маслото на средна температура. Гответе го кромидот со мешање околу 15 минути додека не омекне. Додадете го шеќерот и гответе уште 12-тина минути додека не се карамелизира. Префрлете го во сад и покријте за да остане топло.
Во друг сад додадете го меленото месо, ориганото, магдоносот, сосот за скара и јајцето. Убаво промешајте. Формирајте 6 плескавици со дебелина од околу 1см.
Во друг сад помешајте ги мајонезот и сенфот. Во тава на средна температура додадете го преостанатото масло и испржете ги плескавиците. Откако ке завршите со плескавиците, испржете ја и сланината додека не стане крцкава.
Лепињите расечете ги на пола. На едната половина од секоја лепиња ставете по едно парче кашкавал. Стоплете ги во рерна. На празните половинки од лепињите додадете го сосот од мајонез, салатата, плескавиците, сланината, карамелизираниот кромид и затворете со половинките со кашкавал.
Добар апетит!