Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 800гр. компири, исечени на парчиња
- 2 1/2 лажици маслиново масло
- сол и бибер
- 4 пилешки стекови
- 2 големи чиабата лепчиња
- 80гр рукола или марула по избор
- 2 домати исечени на тенки резанки
- 200гр. печени кисели црвени пиперки од тегла
- 4 парчиња пршута
Прелив
- 4 лажици мајонез
- 1/2 лажичка босилек
- 1/2 лажичка мајчина душица
- 2 лажици бело вино
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете плех со хартија за печење. Ставете ги компирите во длабок сад. Додадете 1 1/2 лажица масло и промешајте ги. Зачиенте со сол и бибер. Наредете ги компирите во плехот. Печете ги 35-40 минути додека да добијат златна боја. Потоа извадете ги од рерна.
Во меѓувреме загрејте електрична скара. Ставете ги пилечките стекови помеѓу две парчиња пластична фолија. Исчукајте ги со дрвен чук до дебелина од околу 5см. Премачкајте ги со остатокот од маслото и зачинете ги со сол и бибер.
Печете ги стековите на скарата по 2-3 минути од секоја страна. Потоа префрлете ги во чинија. Пресечете ги чиабата лепчињата на половина и печте ги на скарата 1-2 минути од двете страни.
Исецкајте ги киселите печени пиперки на тенки резанки и исцедете ги од течноста. За да го приготвите преливот во мал сад измешајте го мајонезот со 2 лажици бело вино. Потоа зачинете го со босилек и мајчина душица и добро промешајте.
Засечете ги половинките чиабата за да направите сендвичи. Премачкајте ги со приготвениот прелив. Додадете по еден лист зелена салата, резанки домати и резанки печени пиперки. Потоа додадете по еден пилечки стек и по едно парче пршута. Преклопете ги сендвичите и послужете ги во чинии заедно со печените компири.
На здравје!