Ладен ручек

Чадено пилешко со салата од компири

Рецепт за брз вкусен ручек без печење.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 600 гр. компири
  • 5-6 парчиња аспарагус, исечени на 5 см.
  • 4 парчиња сланина, крупно исецкани
  • 125 гр. мајонез
  • 60 гр. павлака
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3 лажички сенф
  • 1 лажица магдонос
  • 1/2 лажичка рузмарин
  • 1 парчиња чадени пилешки гради
  • 4 главици млад кромид
  • сол и бибер

 

Подготовка

Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Потоа ставете ги во тенџере и прелијте ги со ладна вода. Зовријте ги на рингла на силен оган. Намалете ја јачината и гответе ги додека да омекнат. Потоа додадете го аспарагусот и гответе уште една минута. Тргнете го тенџерето од рингла, прелијте го зеленчукот со студена вода и процедете го.
Во меѓувреме ставете ја сланината во тава на силен оган. Гответе ја околу 5 минути со мешање додека да добие светло кафеава боја. Тргнете ја од рингла.
Во мал сад измашајте го мајонезот со павлака, сок од лимон, сенф, магдонос и рузмарин. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Со лажица лесно притиснете ги компирите. Измешајте ги во длабок сад со аспарагусот, сланината, исецканите чадени пилешки гради и сецкан млад кромид. Прелијте го со сосот од мајонез и ставете го садот во фрижидер да се излади пред да го послужите.

1 февруари 2013 - 18:56