Брз ручек

Брзо пилешко

ВБкусно пилешко со маслинки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 парчиња пилешки гради
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 1 чешне лук, исецкано
  • 100мл. бело вино
  • 200гр. печени пиперки од тегла
  • 200гр. домати од конзерва (пелати)
  • 1 лажичка шеќер
  • 100мл. пилешка супа од коцка
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 70гр. сецкани маслинки без семка
  • кус кус и варени брокули за прилог

Подготовка

Загрејте масло во длабоко тенџер на силен оган. ПРжете го пилешкото 5 минути додека да добие кафеава боја. Префрлете го во чинија.
Во тенџерето измешајте кромид и лук. Гответе ги 5 минути со мешање додека да омекнат. Додадете вино. Гответе ја смесата уште 2-3 минути. Додадете ги сецканите пиперки и домати, шеќер и пилешка супа од коцка. Кога смесата ќе зоврие вратете го пилешкото.
Намалете ја јачината на ринглата на тивко, покријте го тенџерето со капак и гответе го пилешкото 25 минути.
На крај додадете го магдоносот и маслинките. Зачинете со сол и бибер. Гответе го уште 2 минути и послужете го со кус кус (или ориз) и брокула готвена на пареа.

1 јуни 2013 - 17:30