Овошен десерт

Тортици

Вкусни мини тортици со овошен џем.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 250гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1/4 лажичка сол
  • 40гр. путер
  • 200мл. млеко
  • 1 лажица млеко
  • Џем од малини
  • хопла
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Премачкајте еден плех со малку масло.
Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, шеќер и сол. Додадете го путерот и замесете тесто. Додадете го млекото и продолжете со месење.
Префрлете го тестото на набрашнета маса. Исукајте кора од околу 2см. дебелина. Со филџан или модла пресечете округли парчиња од тестото. Замесете го остатокот од тестото, исукајте кора и повторете ја постапката. Треба да добиете околу 12 округли парчиња. Поставете го тестото во плехот. Премачкајте го секое парче со малку млеко.
Печете ги тортиците додека да добијат златна боја.
Оставете ги да се изладат па расечете ги со остар нож на половина за да добиете сендвичи. Изматете шлаг од хопла. Премачкајте ја едната половинка од тортиците со шлаг а другата со џем од малини. Спојте ги двата дела во сендвич.
Наредете ги тортиците во чинија за сервирање и декорирајте ги со шечер во прав.
На здравје!

15 мај 2013 - 15:54