Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
1 ч. 5 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 450гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 140гр. какао
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 200гр. шеќер во прав
- 2 јајца лесно изматени
- 2 поголеми банани, испасирани
- 150мл. млеко
- 100мл. сончогледово масло
Прелив
- 300гр. шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 2-3 лажици млеко, загреано
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло калап за куглов. Измешајте го во длабок сад брашното, прашок за пециво, какао и сода бикарбона. Додадете шеќер и измешајте го. Во сад измешајте ги пасираната банана со јајца, мелко и масло. Додадете ги во брашното и замесете тесто.
Префрлете го тестото во калапот за куглов. Печете го 45 минути.
Оставете ја тортата да одстои 5 минути одкако ќе се испече пред да ја извадите од калапот. Поставете ја врз чинија за сервирање и оставете ја да се лади.
Измешајкте шеќер во прав и какао во еден сад. Додадете го млекото. Со дрвена лажица мешајте ја смесата додека да се изедначи. Со нож за мачкање филувајте ја тортата со кремот и дозволете да се прелие од сите страни.
На здравје!