Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
1 ч. 5 мин.
Порции
12 лица
Состојки
- 250 гр. путер
- 400 гр. кафеав шеќер
- 6 јајца
- 220 гр. брашно
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 100 гр. мелени бадеми
- 125 гр. кисела павлака
- 2 лажички цимет
- 3 лажички инстант кафе (за еспресо)
- 2 лажички жешка вода
Еспресо сируп
- 250 мл. топло еспресо
- 100 гр. кафеав шеќер
- 1 лажичка цимет
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со малку путер тавче за куглов 22 см. и потоа наросете го со малку брашно.
Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додавајте едно по едно јајце и продолжете со матење. Потоа додадете ја павлаката.
Во сад измешајте го брашното, прашок за пециво, мелени бадеми и цимет. Оваа смеса додавајте ја во изматениот путер и јајца една по една лажица и мешајте додека да се соединат. Во чапа измешајте го кафето со 2 лажички жешка вода и додадете го во тестото за колачот.
Ставете го тестото во приготвеното тавче и печете го во рерна 45 минути.
Во меѓувреме подгответе го еспресо сирупот. Во тенџере измешајте го свежо подготвеното кафе со шеќер и цимет. Загрејте го на рерна на среден оган и гответе го 5 минути со мешање додека да се растопи шеќерот.
Превртете го колачот врз чинија а сервирање и прелијте го со загреаниот сируп. Послужете го колачот топол.