Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
30 парчиња
Состојки
- 230 гр. чоколадо за готвење
- 120 гр. млечно чоколадо
- 120 гр. путер
- 180 гр. брашно
- прашок за пециво
- ½ лажичка сол
- 4 јајца
- 350 гр. шеќер
- 250 гр. чоколадни трошки
- 250 гр. сецкани карамели
- 250 гр. сецкани лешници, или друго јаткасто овошје по желба
Подготовка
Во мал сад растопете ги млечното и чоколадото за готвење, заедно со путерот, на рингла на слаб оган. Мешајте додека да добиете изедначена смеса, па оставете го на страна да се излади.
Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Во длабок сад изматете ги добро јајцата и шеќерот. Матете со миксерот 5 минути. Потоа во јајцата додадете го растопеното чоколадо и продолжете со матење. Додадете го брашното и добро промешајте.
На крај додадете половина од чоколадните трошки, парченцата карамел и сецканите лешници. Измешајте ја добро смесата за да се изедначи. Оставете го тестото еден час во фрижидер.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Обложете еден плех со хартија за печење и на него редете топчиња од тестото.
Печете ги во загреаната рерна 5-6 минути. Потоа извадете го плехот од рерна и рамномерно распределете ги врз сите колачиња остатокот од чоколадните трошки, карамел и лешници. Притиснете ги лесно со лажица колачињата, па вратете ги во рерна и печете уште 10 минути.
По печењето оставете ги колачите да се изладат десетина минути во плехот пред да ги префрлите во сад за послужување.