Состојки
- 2 пилешки копани
- 2 пилешки поткопани
- 1 лимон
- 2 супени лажици сладок црвен пипер
- Зеленчук за подготовка во Диеталниот сад (морков, брокула, тиквичка)
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Почнете со сечкање на зеленчукот... Излупете ги и исечкајте ги морковите... Тиквичките исто така исечкајте ги на стапчиња... На крај искинете ги цветовите од стебленцата брокула...
Чекор 2: Еве како ќе се справиме со месото... Овде користиме копани и поткопани кои задржуваат поголем дел од сокот и побавно се сушат... Засечете ги кожите за да истече маснотијата… И потоа ставете ги во длабок сад за маринада.
Ставете го сокот од лимонот… Маслиновото масло, слаткиот црвен пипер…. И на крај ставете сол и бибер.
Убаво измешајте со раце и потрудете се сите вкусови да ги прекријат парчињата пилешко месо.
Чекор 3: Време е за Диетален сад: Загрејте го диеталниот сад и ставете многу малку масло на дното на садот пред во него да го ставите пилешкото… Ќе започнеме со подготовка на пилешкото затоа што на месото му е потребно подолго време за подготовка од зеленчукот… Покријте го со капакот и оставете ја пареата да делува.
Повремено превртувајте го за целото да добие боја….
Потоа ставете го зеленчукот и убаво распоредете го во садот… Пареата од диеталниот сад ќе го зготви зеленчукот, но садот не само што ќе создаде пареа, туку и ќе помогне да кружат вкусовите на маринадата за пилешкото давајќи му на целото јадење прекрасен вкус…
Гответе го јадењето се додека не сметате дека пилешкото е целосно зготвено… 15 минути би требало да се доволно… И спремни сме за сервирање.
Чекор 4: Време е за сервирање: Ставете по еден пилешки копан и поткопан на чинија и потоа ставете од зеленчукот... Не заборавајте да додадете сјај и вкус така што ќе го прелиете месото со малку превкусен сос…
СОВЕТ: Кога ќе ја усовршите уметноста на користење на диеталниот сад, ќе станете зависни од приготвување на храната на овој начин... Тешко е да се најде поздрав и повкусен начин на подготовка на месо и зеленчук… Убаво размислете каква смеса на зачини ќе користите затоа што таа ќе го прекрие целото јадење!