Палачинки Сузет

Состојки

  • 3 портокали
  • 1 лимон
  • 130 милилитри млеко
  • 55 грама путер
  • 1 јајце
  • 1 супена лажица шеќер
  • 55 грама брашно
  • 3 супени лажици бренди
  • една четвртина кафена лажица сол

Подготовка

Чекор 1: Просејте ги брашното и солта заедно. Сеењето на брашното од поголема височина подоцна го прави тестото полесно и му дава поголем волумен.

Чекор 2: Направете дупка во средината од брашното и ставете едно јајце пред да ја измешате смесата.

Чекор 3: Започнете да истурате по малку млеко. Не се грижете многу за грутките, зашто подоцна ќе исчезнат. Можете да додадете вода или слатка павлака во смесата.

Чекор 4: Ставете малку растопен путер во смесата – доволни се 2 лажици – и почнете да мешате.

Чекор 5: Ставете го шеќерот и изрендајте кора од портокал во тестото. Сакаме да го вклучиме вкусот на портокалот и во тестото, исто како во сосот. Палачинките се сега спремни за пржење.

Чекор 6: Загрејте ја Делимано тавата за палачинки на висок оган и погледнете колку лесно се прави една палачинка. Истурете ја смесата и веднаш разлејте ја по тавата...

Кога ќе биде готова, преклопете ја палачинката на половин, па уште еднаш на половина. Тргнете ја на страна.

Повторете го процесот со остатокот од смесата и ставете ги палачинките на страна за сервирање.

Чекор 7: Во меѓувреме ќе го правиме сосот.

Измешајте ги заедно сокот од два портокали, сокот од еден лимон, шеќерот и за малку интензитет додаваме 3 супени лажици бренди.

Стопете малку путер во тавата на среден до силен оган и истурете го сосот.

Оставете го тавчето на оган додека приближно половина од течноста испари. Доколку готвите на плин, фламбирајте го алкохолот за специјален ефект.

Чекор 8: ВРЕМЕ Е ЗА СЕРВИРАЊЕ: Едноставно, со лажица прелијте ги палачинките со сос и додадете парчиња портокали како гарнир.

СОВЕТ: Сосот за овој рецепт е доволно богат за да може да се користи сам, но доколку сакате да додадете малку крем или сладолед за покремаст вкус, само напред. Мислиме дека ќе го обожувате ова јадење и ќе го приготвувате многупати. Зошто да не си направите тесто однапред и да го чувате во фрижидер неколку дена, во случај да наминат пријатели на гости?

 
17 декември 2013 - 07:45