Преписка од минатото

Ненад Чанак веројатно уште го знаете, на ваша среќа ЈУЛ (а уште помалку некогашниот портпарол Иван Марковиќ) веројатно не ги знаете. Ова им е една кореспондеција од 2000-та.

Убавицата и оризот

Тек да знаете, објавен е конкурс за избор на Жетварска убавица. Тоа ви е значајна културна содржина од манифестацијата Денови на кочанскиот ориз и претставува своевиден уметнички перформанс на кој е чест да се учествува. "На конкурсот може да се пријави секоја девојка од општината со наполнети 15 години и со предиспозиции за убавица"(?)

Слушнете го Таксират и ич да не ви чуе

Tricky за хедонисти, Денис и Денис за љубопитни, Let 3 за слободоумни, GBH за панкери, Bad Copy за хип-хопери, Сандер Ван Дорн за шизење, Conquering Lion за домашно навивање. Ќе пратите спортска да видите што ќе ви направи ливчето? Ќе гледате пинк, гранд, ТЛМЗП програми? Ќе бутате негде кебапи или вино по дома? Све тоа фино, од понеделник. Кога сте имале подобра недела од оваа?

When the Students Go Marching In

Просто, посакуваме студентите да покажат дека се "бољи, лепши и паметнији". Да не ги фермаат моќните шупци кои сакаат да ги замолчат ниту немоќните шупци кои би да им се налепат само за да си го зголемат импотентното политичко либидо. Па, да видиме до кај сме. 

2015-та, бурговијански календар

Знаете кога новата година започнува по грегоријански, кога по јулијански. По бурговијански, 2015-та може да почне. Тоа што е кокичето за пролетта, тоа е календарот на струмичкиот славеј за новите години. Овојпат, со многу џемсбондовски стил, трпеливо и професионално чека фотографите да го сликнат па да види што награда има освоено на MTV Movie Awards. Ќе забележите, во овој календар (а оригинал е), некои денови и месеци ги нема. Навидум невешт потег зад кој се крие еден суптилен филозофски став кон времето, животот и вредностите. Браво Бургов. Коста Бургов.