Како да се привлечат пари - магична формула

Линкот ни го прати нашиот пријател Коста Бургов и тоа само по себе е доволно, но, да контекстуализираме уште малку. Пред некој ден со ќеиф пишувавме статија за поранешниот претседател на Уругвај (види: Ако веќе зборуваме за лидери....) како екстензија на извонредното видео во кое мудриот човек зборува за вредностите, парите, времето, имањето, бивањето...

The Glitch

The Glitch е кратко мк филмче направено од мала група млади луѓе кои планираат да снимаат забавни скечови како Petty Cash Production. Снимено е со  нивни пари (petty cash, indeed) па ѕирнете: ако ви се бендиса, ќе ги замаптиме, тие ќе се охрабрат па ќе направат уште подобри парчиња, ние ќе им викаме браво дечки и така уствари светов станува за ронка подобар ("Единствената причина зошто се бавам со оваа работа е што мислам дека светот го менувам на подобро за глувчешко куре" - Рамбо Амадеус).

Зад аголот - Спас им нема

Јако, љуто, прљаво и мрсно. "Зад аголот" го прават тоа баш како што треба. Скопскиот рап состав имаат нов албум ("Зад Шпиунката" - 21 песна) и со овој заебано добар спот на химничната "Спас им нема" најавуваат дека допрва ќе горат газиња наоколу. Како што рече некој, спотов е "Мамата у книшка!" Keep up, бандо.

Ни Данил Хармс не би можел поапсурдно

Објавуваме ние редовно медиумски пакетчиња но некогаш некои феномени заслужуваат и одвоено место бидејќи сведочат за едно групно помрачување на умот во чиј информативен брлог живееме (без разлика на идеолошките или политичките симпатии на медиумот кои пак на толпата ѝ се единствено битни). Просто - незнаење и фушерај кој се копира, пастира, размножува до бескрај. Во таков свет авангардниот руски писател Хармс лесно станува палестински ХАМАС.

Таа моја гитарска Македонија

Седумнаесет наши гитаристи, секој снимил свое парче соло на истата матрица и сето тоа склопено во интересно видео. Можеби Македонија нема некоја технологија, ама затоа техника има за курчење! Кој од кој махери.