Млади, ебете се

Тоа е главната порака на оваа девет минутна, крајно корисна лекција од Дамир Никшиќ, дечкото кој го памтите кога со свежи очи и здрав дух ни го откриваше новото Скопје пресоблечено во 19 век. На оваа тема е уште поубедлив.

Кочани, жалиме

Музика од Пинк Флојд за спасување на комуњарски споменик во Кочани. Ах, како тоа добро звучеше кога го објавувавме! Успеавме да собереме еден куп лајкови за идејата (статијата види ја овде), но дечките, за жал, не успеале да соберат доволно пари, како што тоа обично бива овде.  Ама затоа, ете ги овде, во МКЦ.