Радо Србин во јогини оди

Србите во многу работи секогаш биле понапред од нас. Бидејќи први го допреа дното, си полудеа на време и сега животот им е цепки. Не дека ние сме далеку од овој зен, ама ајде, кога?

Никој нема да заврши зад решетки

Кутри граѓани на западните демократии, останаа тие глупите со огради. Ние отсега слободно ќе можеме да влегуваме и во непосредна близина на владата да се лапаме, шетаме кучиња, правиме ајвар, играме табла, собираме јаглики и сите други работи на кои бевме навикнале. Од овој мега-проект можеби бројчаникот не заврти ама бар се прати силна симболична порака дека овде, ама баш никој битен нема да заврши зад решетки. Малку ли е?

Вочнете го вие ова!

Интернетот и доминацијата на англискиот во него на сите ни го има расипано јазикот и сите по малку зборуваме како македонските гастарбајтери на кои некогаш им се смеевме. Ама ова е тоталка! Ако ви е потребно да ви се транслејтне, има надеж за вас и вашиот мајчин јазик. 

Вратоврската на Тито и сакото на Циле

Каква врска имаат тие две работи и со што? Со рано дијагностицирање на распаѓањето на Југославија! Една скроз луцидна опсервација на индициите кои тогаш никој не ги виде, дека во таа држава нешто не е во ред.

„Медената земја“ од најзагадената земја го освои Санденс

Видео снимка од доделувањето на наградите на Санденс, попрецизно од моментите кога „Медена земја“ е прогласен за најдобар светски документарец кој собра три скроз битни и престижни награди на влијателниот филмски фестивал. Почекајте го моментот кога Фаца (продуцентот на филмот) ја користи приликата за да ја упати веројатно единствената поважна порака од самата награда а е адресирана до властите и граѓаните на Македонија: „Ве молиме исчистете го воздухот во најзагадената земја на светот“.