Ниту едниот е луд ниту другиот е збунет, ама глаголот од таа поговорка си е на место. Новинар решил од човек да извлече одговор што тој очекува од изборите. Човек решил дека тоа е последното нешто што новинар ќе го извлече од него. Пазете ги тие дриблинзи.
Ние и тие (спорогоречкиот Оф.нет и брзорастечката 1ТВ) сме толку различни светови што стварно мислиме дека нема потреба да се мешаме (иначе со гушт ќе ги рецензиравме оние анбиливибл интервјуа со нивниот газда). Но, ако веќе тврдиме дека се бориме за култивирање на публиката и јавниот простор, да си кажеме нешто поштено:
Не би го ставиле ние ова за наслов ако тоа не беше главниот стих, односно главниот аргумент по кој би требало да се реши брачната дилема на главната хероина на песната, извесна Данче. Ако ова „главното“ ви е спорно, чек да го видите „споредното“.