Знаете како се игра Паук?

Ера Ојданиќ е стар ридикул од српската фолк сцена. Има песна која му се вика „Паук“ и која е во хармонија со неговиот опус (значи, глупа). Ама се фаќа како меме по кафани и други места кај што ќе се чуе. Чисто да знаете како да се понашате ако ја слушнете.

Српски црнечки блуз

Како што неговите предци биле оковани во железни прангии, така е тој окован во ракија, сплавови и љубовни јади. После една целовечерна тортура на тоа зло трио, бил толку уништен што мајка му не го познала. Сега замислете ги во полиња, берат памук и пејат некоја претешка од Џани.

Ете, Миле отворил

Повторно Спрингвејл, Австралија, црквата која ја имавме на сајт кога најголем проблем беше што не беше отворена. Ќе видите како тоа што не беше отворена, ич не беше најголем проблем. Подгответе се за сцени со богобојазлив народ и богоудогна атмосфера во конечно отворениот божји храм.

Скопскиот воздух ги изедначи пушачите и непушачите

После децении лабораториски истражувања, првпат се случува и едните и другите да се подеднакво затруени и да имаат плунка како да работат во индустрија со олово. 

Послушајте прогресивци, да ви каже Ципрас словото

Грчккиот премиер Алексис Ципрас на своите граѓани им го објаснува Преспанскиот. Неверојатно е како тој човек ги лаже, само за да не им текне на Грците како ние генијално си го откочивме патот кон Европа.