Случки од животот

Пред Кичево на микрофон шоферот информира ”патниците со седишта од број 26 до број 54 во Кичево ќе бидат префрлени во друг автобус”. И така - како компири, кој со маска кој без маска, патниците се префрлија како што вели шоферот “за безбедно да патуваат” . Е така де, до Кичево нема корона...

Карантински дневник (втор дел)

Богами и Санитарен Инспекторат не нè заборави. Ни ги пратија решенијата за самоизолација по Вибер. Јас разбирам дека мора да работат од дома, ама сликата од Решението на покривка од тросед со леопардов принт???