Утрински емисии треба да се тепаат по овој лик

Небитно е дали и на каква супстанца е овој дечко. Извештајот му е сочен и разгранет во сите правци. Да речеме, он ти смета дека главна увозна финта е да ги обновиме времињата кога жени од Запад доаѓале тука за да видат како балкански маж нешто не дозволува и вика: Не може! (нормално, немало такви времиња). „Ќе дојдат туристички, ќе го осетат недозволувањето и се враќаат радосни!“

Што не кажувате вакви работи, мамето ваше?

Ковид има вонземно потекло и доаѓа од квазарите кои се астро-организации (?) кои битисуваат само во радиоактивните подрачја на космосот. А сега главното: вирусот се активира со сексуална активност и со мастурбирање. Ко бира- ковидира!

Русјаков: Јас, „терорист“

Ги насочиле своите финансиски ресурси, полтрони и кодоши да следат фантазери, во време кога се спремаат нови прекројувања на граници на Балканот среде кои и Македонија е ставена на маса. Веќе утре ќе се дели Косово, можеби и Босна, Македонија сигурно нема истото да ја одмине (читај го британскиот дипломат Тимоти Лес), а нашава УДБ-а, се занимава со мене бе.