Небитно е дали и на каква супстанца е овој дечко. Извештајот му е сочен и разгранет во сите правци. Да речеме, он ти смета дека главна увозна финта е да ги обновиме времињата кога жени од Запад доаѓале тука за да видат како балкански маж нешто не дозволува и вика: Не може! (нормално, немало такви времиња). „Ќе дојдат туристички, ќе го осетат недозволувањето и се враќаат радосни!“