Не е 2020-та ако не проба и вака да те насмее

Можеби 2020-та година беше мачна и депресивна но затоа ја завршуваме фуриозно, со помош на богатата културно- уметничка програма во Лозово на која имало и извлекување на вредни награди. Бидејќи сето тоа е премногу за една скромна статија на нашиот сајт, го издвојуваме само делот со хуморот.

Браво деца, браво деца!

Децата од школото за образование и регхабилитација „Свети Наум Охридски“ од Скопје кое го посетуваат деца со посебни потреби, водени од нивниот професор по музичко Илче Младеновски, вежбале онлајн и спремиле една песна да ви ги честитаат божиќните и новогодишните празници. Преубави. 

70 евра за пријатни моменти

Бугарите не признаваат постоење на малцинства нo проституцијата не ја негираат (а и не инсистираат да им признае ист корен). Репортажа на таа тема во пограничните Свиленград и Сандански но и во Софија, со женски, машки и транџи кои суштествуваат на улица, казина и барови а некои преку сајтови. Најниските тарифи се движат меѓу 70 и 100 евра, но затоа елитната проституција оди и за илјада евра. Кога ја слушна последнава цифра, водителката се заинтересира „А това за колку време?“