Башино Село е подготвено за финско образование

Донации во вакцини, донации во фрижидери за чување вакцини, донации за војнички чизми и гуми, за амбулантни возила.... Па за што тогаш сме дерени со даноци и секакви давачки во оваа распарана, питачка држава? Бидејќи сега ќе ни дојде да удриме мајки-шајки од бес и снеможеност, да прејдеме технички ладнокрвно кон темата.

Македонците во Финска се распрашале

„Нешто е гнило во државата Финска“, објави еден колумнист во Република Македонија, затоа што тој, како и многу други, веруваат дека тие што се на власт ја зборуваат вистината.

Половина век црно небо над Скопје

„Црно небо“ е документарна емисија посветена на загаденоста на воздухот во Скопје. Од 1973 година! 50 години немаме мрднато, освен на полошо.

Преткафанска обука: Атина Ферари

Некогаш нормален (хмм) човек знае да заврши во прегласна шабанска кафана и таму да се изначуди како тоа сите присутни ги знаат песните кои се вртат а тој првпат слуша за нив. Да го искористиме ова кафанско затишје заради ковидот и да се наполниме со знаење.

Разговор со Мила Демиџиќ и Алмир кој нема историја

Како што Торте фино забележа, Царовска цел живот е во НВО и социјала (нормално, со редовно кмишење во партиски органи), ја префрлуваат во образование и ете ти ја, за нецели 100 дена најавува спектакуларно коренита промена и реформа во образованието! Немаат тие малку резерва заради непознавање на темата, малку потреба да го научат материјалот, да набљудуваат и премеруваат, туку мораат одма со сатар, да сечат и транжираат за да остават свој белег, тоест лузна? Од Стипе Шувар до Царовска Мила, школата само за експерименти им била.