Томпсон го видоа и слушнаа преку половина милион луѓе

Организаторите на концертот на Марко Перковиќ Томпсон на загрепски Хиподром соопштија дека имало 504.000 луѓе (13% од целата популација). Нови Загреб бил затворен за да можат луѓето безбедно да се вратат дома. Брза помош имала 70-тина интервенции. Томпсон носел маица со натпис 03941158, затвореничкиот број на хрватскиот емигрант Звонко Бушиќ, познат по киднапирање на американски патнички авион во 1976 година. Се самоуби дома во 2013 година.

Tриумфален ќенеф

Поглед во бекстејџот на Порта Македонија.

Полнењето на идентитетската пиперка

Доволно и со право ѝ се насра наш народ на Марта Кос која дојде овде за да ни го опишува нашиот идентитет и неговите темелни вредности. Но, да не се ѝ се срдиме премногу на таа европска бирократка, пошто и меѓу нас ги има имаме доволни такви кои нè убедуваат дека „кој може нам да ни каже како ќе се чувствуваме внатре, во себе?“ Глупи едни, па во себе и под турско можевме „да се осеќаме како што сакаме“.

Каков лик, каков муабет

Има луѓе кои не мрдаат ни со веѓа дур им зборуваш па не можеш да дешифрираш дали се разбирате или на каде тера муабетот. Има други луѓе кои со климање глава и други суптилни гестикулации ти даваат до знаење дека те следат и до каде сте. Има трети луѓе кои претеруваат со тие гестикулации, како Лазе Бараков во Македонски народни приказни. И конечно, има четврти тип луѓе од кои имаме видео презентација.