Разно

Гоце е македонски херој? Да, точно.

Муабети со вештачка интелигенција.

Сите маргарити на мајсторот

Како и сите деца и Цанко Курбла имаше големи планови. Еден од нив беше на раат да си ја изеде својата кришка леб со маст и црвен пипер. Но тој ден дури тројца копиљаци му се обратија со традиционалната маалска реплика “дај еден гриз!”

Првата Македонка што сака чубрица

На бугарски подкаст се појави девојка од Македонија која не само што сака, туку обожава чубрица. Тоа е оној зачин што Бугарите уште во пудинг не го ставаат. Прво ја нејќела па попат ја засакала и сега не може без неа па им ја става и на оние кои  доаѓаат на гости. Бугарските домаќини (Тане и Гошето) не можеа да се изначудат.

Гого има да ви каже нешто

„Гого, знаеш дека Македонија гледа, имаш ли некоја порака за неа?“, го прашуваат нашиот Горјан Славески по последната победа во бокс со голи тупаници која му ја отвора портата кон шампионски појас во велтер категорија. А Гого има порака. За Македонија. Не за Северна.

Во чест на нејзиното височество: симитката „кај тетка“

Ако скопскиот живот се опишува „од а до ш“, тогаш „ш“ дефинитивно припаѓа на фурната во Чаир. Oна што доаѓа на крајот на битките, онаму каде што после полноќ се оди за да се зацелуваат раните од алкохолните пресметки по кафанските ровови и шанкерски фортификации. ТРТ се сетиле да го документираат светиот грал во оваа крајна дестинација на скопскиот аџилак. Тешеќур, браќа. 

Крстови на лицитација

Замислете најпознатиот жирант на сите наши гревови, еден ден да направи камбек (ваистину камбек). Што ќе види? Она на што го закуцаа и што требаше да стане симбол на неговото страдање во наше име, денес не само што лефтерно го џиткаат по реки, потоци и базени туку стигна и на лицитација. И тоа од „официјални“ претставници на неговата „фирма“.

„Лог аут“ - филм за Логин од Рамона

Ќерки знаат свашта да кријат од своите татковци. Рамона (Кочишка) од Логин (Кочишки) криеше дека - снима филмче за него. Со муабети со пријатели, со приватни снимки (да го видите само Ману Чао како го личи со гитара во Соње), топло филмче полно со сакање за дечкото од Балкан Експрес кој направи триста подвизи (Таксирати, Д Фестивали, Аларми, ПИН конференции...) а остана и наш (офф) и свој (аут).

Поздрав за скопјани од ТЕЦ Осломеј

Кога ќе дувне ветер од југ...

итај како што ишува

Во Џамбо погрешно ги сецнале етикетите на производите па им ја отфикариле првата буква од описот на продуктите. И онда некој ги чита такви, тоест акви. Пре-смеш-но.

Стигна календарот на Коста Бургов за 2023

Малку работи на овој хаотичен свет се стабилни и предвидливи. Гравитацијата, Халелевата комета, фактот дека сè посрање и посрање ни станува Македонија.... и календарот на Коста Бургов. Традиционално, нашиот драг Коста навреме ни го прати, со придружен текст, темелно прочистен од интерпункција. Спојлер: и следната година ќе ни понуди 365 дена, па кој колку издржи.      

Ќе го обештети ли Офф.нет изгорениот делфин?

Читател се зачитал некоја наша статија и од што му била интересна, скроз заборавил на делфинот на шпорет. Па делфинот му изгорел и морал да го фрли и сега бара да му ја надокнадиме штетата. За присуството на делфинот на македонските трпези се размислувало и на највисоко ниво. А и со кит да не претерувате, жгаравица прави. 

Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард?

Парите кои фирмата на Алберт Муслиу и таквите како него ги земале од Еуростандард банка мора да ги вратат. Се прашуваме каква е таа душевна болка да земеш пари од друг, да не вратиш ништо и со тоа да го оштетиш и да му предизвикаш болка. Или, колку боли туѓата болка?

Зошто овој дечко од Леринско не е во Карнеги хол?

Не само да е во Карнеги хол, туку и на трошок на Македонија. Од опинци да ги истресе од гаќи. Значи, да споделиме една од најнаежливите изведби на „Учи ме мајко, карај ме“ кои ние сме ги слушнале. Дечките се од село близу Лерин, со еден носечки вокал кој ја носи ПХ вредноста на македонската душа.

Пандемијата заврши, криминалот во Еуростандард не се откри

Народната банка молчела кога екс генералниот на Еуростандард, Николче Петкоски, му доделил неповратен милионски кредит на својот вујко. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не успеала да го санкционира ниту директорот на експозитурата во Кавадарци кога тој сам на себе си доделил милионски кредит од нашите депозити.

Читање наспроти клипови

Игор Радев е редок и драгоцен минерал во јаловината на македонската интелектуална сцена. Извонредна ерудиција облагородена со отворен ум, здрав разум, педантна мисла и интелектуална храброст. Од негово скорешно ТВ гостување, го одвојуваме делот зошто денешните генерации се најподложни за манипулација. Имаме клип :) 

Емпатија на денот

Коментар под нашиот Фејсбук пост за „Тачизми - речник на речиси постоечки зборови“

Ние сме Македонци

Искрено, и пресмешно и преглупо ни звучи ние да ставиме еден ваков наслов пошто нормално дека сме Македонци и кој вика поинаку, може да го дува. Меѓутоа, истото тоа (“Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“) го има кажано и еден поет роден 1909 година, во Пиринска Македонија. Се викал Никола Јонков Вапцаров.

Каква држава, таков Леонард Коен

Машки баршунаст глас, комотно сместен „у доњим лагама“(што би рекле на Звезде Гранда), изведува своја драга песна, пред објективната публика на Охрид фест. Има само еден малецен проблем: пусти Трифун, којзнае од кога си ја нема слушнато песнава. Пазете го вие ова негово играње жмурки со матрицата.