Денес започнаа настапите на нашите олимпијци на спортските борилишта во Париз. Прв настапи нашиот најмлад и само 16 години возрасен пливач Никола.
Само што го заврши својот настап, веднаш стартуваше хајката и отстрелот на ова дете од страна на докажаните наши домашни ловџии надалеку познати по своите манири и негување на оваа древна традиција.
Не за друго, туку поради моменталната забрана за лов таму некаде до октомври.
Значи што прочитав до сега?
И Јамал имал толку години, па бил успешен спортист/фудбалер.
Токму така и еве образложение од мене.
Јамал доаѓа од Барселона и тој се соочува со истите предизвици како и Никола.
Во цела Шпанија има само два базена/стадиона и тренира на Олимписки или Карпош ако на време се платат сметките за струја и вода.
Додека на Јамал му ги чисти и пере копачките и опремата вработен на стадионот во Барса, родителите на Никола делат од својот леб за да нивното дете не се откаже од својот спортски сон.
Додека Јамал се занимава само со својот милионски статус и раскош во спортот, Никола сè уште не знае која пливачка федерација е официјална во Македонија.
Првата, втората или третата од Охрид која е во процедура со нови печати.
Додека Јамал има свој тренер, кондиционен тренер, нутриционист, масер, менаџер, Пи Ар, агенција за обезбедување, физиотерапевт, психолог, ментор...
Никола има еден човек за сè комлет кој дава од свој леб и семејство како тренер без хонорар.
Одиме понатаму...
Катастрофа, пропаст, последен, фијаско...
За жал така е и во право се ловџиите кои го држат на нишан Никола како единствена душевна храна во сезона на забранет лов.
Никола не е како нивните деца дома.
Нивните деца се први во сè, а не последни како Никола.
Нивните деца се кристален и совршен рај и пример за вистинска иднина на младите.
Еве зошто се први:
Му ебаа мамата на детскиот парк во Капиштец и презентираа невидена моќ на една детска лулашка пред девојче за да ја фасцинираат и ќарат.
Ова беше загревање пред да заминат на концертот на Десингерица у Парк. Таму овој дегенерик им правеше кајгана на глава со смрдливи домашни јајца, им плукаше во уста со зелен тазе шлајм и ги дисциплинираше со чевелот по глава затоа што одат уште во школо вон сите нормативи.
После концертот уште во ДЕГЕНЕРИК транс ја потрошија тревата сокриена по џепови и се упатија дома на разденување.
Измочаа цела шолја/капакот у Ве Це и пред легнување задолжително ја изгледаа репризата од ФАРМА и Велики Брат да не испуштат нешто јако и ретардирано во животот.
И така заспани на двосед ги будат нивните такозвани родители вечерта околу 19.00 часот за доручек и за да го коментираат некој Никола, надежен спортист и иден талент на националниот спорт.
Им велат на нивната домашна наркоманија и ретардираност од деца, дека Никола бил последен на спортски натпревар.
Да продолжам уште?
Не, доста е.
Ми се гади од оваа ретардираност која за жал е дел од секој мој збор, реченица, заклетва и било каков начин кога се изразувам дека си ја сакам својата татковина и народ.
Никола дете златно, вистинската Македонија ТЕ САКА И ПОЧИТУВА.
Напред дете златно.