Сè си има ред

„Убиј ги прво децата“ (официјален трејлер)

После Сараевскиот филмски фестивал каде што помина одлично, филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец доаѓа дома, во Синеплекс и на „Еден е Манаки“. Шармантен, младалачки, скопски, шизички, љубовен... филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи.

***********

Ударната тројка на филмот: Продуцентот Атанас Георгиев („Медена земја“), режисерот и сценарист Димитар Оровчанец и младата и одлична Миа Жиро.
* од лево кон десно :)
 

 

 

 

 

21 септември 2024 - 17:52