Не е секоја неспособност шанса за ПР

Пазете вест: Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец. Пошто сами не можат да намалат, као не ги пуштаат на врата, немаат резервација.

Па тоа и е работа на полицијата, не знам како е ова вест, справување со вандализам и сообраќаен хаос, што правеа до сеа ако дури сега ќе почнат со ова?

Прегласната музика во Капиштец и таа наводна борба против истата каде гласачкото тело пати, а општинската администрација као наоѓа решение, џанам немоќна е да ги заштити жителите од Центар, тинтири минтири.

Па сега демек Општина Центар со опасна офанзива помогната од полицијата ќе одат и ќе намалат музика во Капиштец. Пошто сами не можат да намалат, као не ги пуштаат на врата, немаат резервација.

Немојте до толку да ја вреѓате интелигенцијата на народот, аман. Не е секоја неспособност можност за ПР.

Ина Многуфина

*********

Капиштец го чека својот Бонамаса

10 јули 2024 - 13:05