„Сè минува, само тешките метали не минуваат“, вели Игор Смилев, еден од неколкутемина велешани и велешанки (и по некој скопски ентузијаст) во овој европски документарец, луѓе кои во името на оние блиски кои ги изгубиле, и на сите оние кои не сакаат да ги изгубат, пробуваат да сторат нешто за загадувањето од кое во Македонија се умира двојно повеќе од просекот на континентот. Да, загадувањето кај нас е само сезонска, зимска секирација. Затоа е и вака.