Разно

Браво ма, Сузе

Кај Жаре „Еден на еден“ Сузана Спасовска фатила да пее - тажна ли, радосна ли, кој ќе знае - кинеска песна. Некаде на почетокот се чини дека се провлекуваат пар локални трилерчиња, но сè на сè, маестрално изведено. Запазете со колку само чувство го отпеа оној последниот тон. Ќе ве освежи. 

Феноменот Георгиевски

Еден од ретките режисери кој можеше да изрежира и телефонски именик, но истовремено со леснотија да ги демистифицира и најголемите митови. Кога едни од најмоќните социјалистички функционери почнаа да му се закануваат да не ја режира пиесата „Ослободување на Скопје“, тој им се извика: „Ќе ја режирам пиесата и ќе ви ги скршиме главите!“

Од М само за Мајтап останавме

Во комедијантски кругови (Стани Цаци да те види сала!) за Македонија се тврди дека е респектабилна членка на НАТО, рамноправен партнер на масата на која најголемата воена алијанса на светот носи важни и далекусежни одлуки. Рака на срце, Македонија се спомнува и во далеку посериозни кругови, само што таму, се спомнува за мајтап со нејзиното „натовство“. 

Од магдонос до Петар

Што е врската помеѓу Александар Македонски, магдонос, целер и сите кои се викаат Петар? Долг е тој пат и завршува секаде каде што има по некој Петар, Петрос, Пјер... но тој пат започнува од овде, од Македонија.

Волкот полни пиперки

Најсилниот Македонец на светот,  австралискиот ММА борец чиј татко е од битолско Беранци, Александар Волкановски (Волк, Александар Македонски, Хулк) го запознава светот со македонската кујна. Прави полнети пиперки, плус салата, плус димени колбаси (кои братучед му симпатично ги завика кабаноси). Сосема зналачки ги спреми бабурите па некаде на крај рокнаа и една јака, свадбарска.

Која песна е репрезентативна за секоја европска земја?

Во 11 парчиња на ТикТок, дечко накратко сумира кои песни се популарни во разни држави во Европа. За Хрватска тоа е Цесарица, за Франција La Vie en Rose, Италија ја има Volare, ние сме претставени со Proud на Тамара, на Косово и Албанија царува Дуа Липа а Австрија, се разбира, го има Моцарт. Но, чекајте, и Бугарите имаат што да (по)кажат.

Поштарот ич не ѕвони

Кога Јуксел ни носеше пошта, само кратко ќе заѕвонеше на врата, сигнализирајќи дека нешто оставил. Откако долго го немавме слушнато ѕвончето на „сец“, почна да нè јаде јанѕа. После два месеца и ниту една добиена пратка, одлучивме да се обратиме во главната пошта за нашиот реон.

Уметничко кукање по коската

Ги немаше за промена на историја, јазик, идентитет, за загадување, за корупцијата во општеството, за помош на болни, за сите неправди кои се случуваат. Сега само ќе покукаат неколку дена оти системот во кој се соучесници не им фрлил доволна голема коска. И то шо го добивате многу ви е.

Селективната поетика на Чет ГПТ

Читател решил да провери дали е верно она што го пишавме за AI, Трамп и Бајден (дека не му се пишува поема за Трамп, ама за Бајден ска проблем) па решил да го провери ботот со истата задача, за Груевски и Заев. Исто! За Груевски нејќе пошто бил вмешан во корупциски скандали, оти Зоран - едно евро за Вицето-  Заев има една монашка биографија. Не би да сме параноични, ама... 

Гоце е македонски херој? Да, точно.

Муабети со вештачка интелигенција.

Сите маргарити на мајсторот

Како и сите деца и Цанко Курбла имаше големи планови. Еден од нив беше на раат да си ја изеде својата кришка леб со маст и црвен пипер. Но тој ден дури тројца копиљаци му се обратија со традиционалната маалска реплика “дај еден гриз!”

Првата Македонка што сака чубрица

На бугарски подкаст се појави девојка од Македонија која не само што сака, туку обожава чубрица. Тоа е оној зачин што Бугарите уште во пудинг не го ставаат. Прво ја нејќела па попат ја засакала и сега не може без неа па им ја става и на оние кои  доаѓаат на гости. Бугарските домаќини (Тане и Гошето) не можеа да се изначудат.

Гого има да ви каже нешто

„Гого, знаеш дека Македонија гледа, имаш ли некоја порака за неа?“, го прашуваат нашиот Горјан Славески по последната победа во бокс со голи тупаници која му ја отвора портата кон шампионски појас во велтер категорија. А Гого има порака. За Македонија. Не за Северна.

Во чест на нејзиното височество: симитката „кај тетка“

Ако скопскиот живот се опишува „од а до ш“, тогаш „ш“ дефинитивно припаѓа на фурната во Чаир. Oна што доаѓа на крајот на битките, онаму каде што после полноќ се оди за да се зацелуваат раните од алкохолните пресметки по кафанските ровови и шанкерски фортификации. ТРТ се сетиле да го документираат светиот грал во оваа крајна дестинација на скопскиот аџилак. Тешеќур, браќа. 

Крстови на лицитација

Замислете најпознатиот жирант на сите наши гревови, еден ден да направи камбек (ваистину камбек). Што ќе види? Она на што го закуцаа и што требаше да стане симбол на неговото страдање во наше име, денес не само што лефтерно го џиткаат по реки, потоци и базени туку стигна и на лицитација. И тоа од „официјални“ претставници на неговата „фирма“.

„Лог аут“ - филм за Логин од Рамона

Ќерки знаат свашта да кријат од своите татковци. Рамона (Кочишка) од Логин (Кочишки) криеше дека - снима филмче за него. Со муабети со пријатели, со приватни снимки (да го видите само Ману Чао како го личи со гитара во Соње), топло филмче полно со сакање за дечкото од Балкан Експрес кој направи триста подвизи (Таксирати, Д Фестивали, Аларми, ПИН конференции...) а остана и наш (офф) и свој (аут).

Поздрав за скопјани од ТЕЦ Осломеј

Кога ќе дувне ветер од југ...

итај како што ишува

Во Џамбо погрешно ги сецнале етикетите на производите па им ја отфикариле првата буква од описот на продуктите. И онда некој ги чита такви, тоест акви. Пре-смеш-но.