„Ваше високо превосходителство!
Слухот за пристигнувањето на Вашето високо превосходителство во Џумаја (Благоевград) нѝ даде добри надежи и на нас Македонците, жители на окружјето Малешево, коишто постојано и најзло страдаат до денешни дни…
*******
…Ваше високо превосходителство! Нашата македонска крв, со која по неволја сме решени да ја крвавиме оваа од пред две илјади години немилостиво осудена и презрена Македонија, при сегашниве европски владетелски народи ќе даде ли крај за да не ѝ се одмаздува веќе на великата ѝ некогашна слава!!! (…) Азијатските народи можеби по нивни стари преданија да го сакаат бришењето во светот на името Македонија! А просветена Европа има ли причини и уште ли не родила спасител да нѐ избави од нашиот праотечески грев?…“
Објавено во:
„Освобождение Болгарии от турецкого ига“, Том 3, Издателство Наука, Москва, 1967, стр. 325.