Уште еднаш за Васко, ама и за оние кои подаруваат оценки

„Чичо Мите, си дадов отказ. Не можам. Ме тераат на некого да му пишам десетка, а тој не знае за шестка. Ова лудило ќе помине и тој инженер ќе направи некој пропуст и тогаш некој паметен ќе праша кој професор го пуштил на испит“. Од такви инженери Васко остави две деца.

Васко Саздовски е Македонец кој на 45 години загина од натстрешницата во Нови Сад. Беше татко на две деца, професор и врвен научник.

Околу него се тепале германски и српски институти но пред една година прекршил и решил од Електротехничкиот факултет во Штип да прејде да работи во Нови Сад.

Негов пријател вели дека тоа го направил бидејќи во Штип го притискале на студенти да им пишува десетки и кога не знаеле ни за шестка. Се прашувал какви инжинери ќе бидат тоа со подарени оценки.

Е, токму такви инжинери го чинеа живот.

Го сретнав и го прашав како е како професор на Електро факултет во Штип.. Ми рече: „Чичо Мите, си дадов отказ. Не можам. Ме тераат на некого да му пишам десетка, а тој не знае за шестка. Ова лудило ќе помине и тој инженер ќе направи некој пропуст и тогаш некој паметен ќе праша кој професор го пуштил на испит. Ќе види, Васко. Не, не можам, подобро ќе мизерувам“, напиша негов сограѓанин.

24 декември 2024 - 13:58