Потсетник и незаборав

Википедија вика дека Жаклина Пешевска е од Скопје, има завршено Технолошко-металуршки факултет, интернет нè потсетува дека била (и е) пратеничка на ВМРО ДПМНЕ во македонското Собрание и водела (и ја води) нивната партиска унија на жените. Таа пак, нè потсетува на нешто друго, во име на оние кои сè уште се во зандани за терористичко загрозување. 

Да не се заборави и да не се повтори!

На денешен ден, (28 ноември) 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро во мојот дом, пред очите на моите три малолетни дечиња, со полициска опсада која влезе со кршење на влезната врата, ми беа ставени лисици на рацете поради терoристичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија.

После целата голгота низ судови и претреси, одземен имунитет со поддршка од ,,европските" пратеници, бев испратена во домашен притвор.

На крај, во отсуство на докази се запре истрагата против мене.

Сиот терор го издржав на нозе, иако последиците и траумите од овие случувања, јас и моето семејство ги чувствуваме и денес и ќе ги чувствуваме засекогаш.

Неправдата ќе ја чувствувам сѐ додека моите браќа, оние што си ја сакаат Македонија се во зандани, далеку од нивните семејства.

Сè додека не изгрее сонцето на слободата за нив, не можам ни да ги заборавам, ни да ги простам неправдите во режија на СДС!

Жаклина Пешевска (ФБ)

28 ноември 2024 - 12:03